ВестиКултура на живеење

Balenciaga далеку од модните настани

Поради скандалот поврзан со деца, Balenciaga ги одбегнува јавноста и модните настани иако, владее мислење дека доколку самите не се откажуваат, организаторите на модните настани би биле ставени во ситуација да го направат тоа.

Повлечените покани за настани, побараното отсуство од модни манифестацији, протести пред продавниците на Balenciaga, со транспаренти:„Подалеку од децата„, и револт на социјалните мрежи се само врв на ледникот на кој сега плови Balenciaga.


По контроверзната рекламна кампања и скандалот што силно ја тресат Balenciaga, не изненадува што „ќе ја прескокнат“ и неделата на високата мода (Haute Couture) во Париз. Во распоредот за настаните на претстојната Paris Fashion Week за мажи објавен е распоредот на модните ревији, како и на пратечките настани што ќе се одвиваат од 23 до 26 јануари 2023 година.

Во најавата за париската модна недела, објавена од Fédération de la Haute Couture et de la Mode (FHCM), презентиран е привремениот распоред за претстојната Недела на висока мода за мажи во кој нема место за Balenciaga.
Предвидено е одржување на 30 модни ревии и една презентација, водена од Iris Van Herpen. Schiaparelli ќе го отвори настанот со ревија по која ќе се престави и Christopher Josse.
Распоредот, учесниците и планираните настани се потврда за позицијата на Париз како глобален лидер меѓу модните недели за машка облека.

Во привремениот распоред за сите настани предвидени за 2023 година, објавен од Федерацијата на висока мода (FHCM), (Fédération de la Haute Couture et de la Mode), нема место за Balenciaga./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.