Angelina Jolie започнува нов вид моден бизнис – модна куќа во која потрошувачите ја играат улогата на дизајнери којисоработуваат со кројачи, шаблони и занаетчии, за да создадат уникатна облека.

Angelina Jolie, актерката, режисерката и поранешна амбасадорка на добра волја на Обединетите нации го претстави Atelier Jolie, новиот бренд чија цел е да користи веќе искористени материјали и да ги промовира способностите на „бегалците и другите талентирани, недоволно ценети групи“.

Angelina Jolie ја објави веста на својот Инстаграм профил, пишувајќи: „Денес започнувам нешто ново – колектив каде што секој може да создава… Atelier Jolie е место за креативните луѓе да соработуваат со стручни кројачи, изработувачи на шаблони и занаетчии од целиот свет. Тоа произлегува од мојата благодарност и длабока почит кон многуте кројачи и изработувачи со кои работев во текот на годините, како и од желбата да го искористам висококвалитетниот винтиџ материјал и материјалот што е користен и достапен“.

Angelina Jolie во облекувањето се приклонува кон монохроматски, минимални, главно анонимни дизајни (со исклучок на додатоци) кои гарантираат дека приказната е за неа, а не за модата што ја носи. Нејзиниот личен стил беше предмет на безброј написи и предизвика милиони кликнувања низ годините. Во поново време, нејзиниот моден избор, како и оние на нејзините тинејџерски деца, ја нагласија вредноста на рециклирањето на старата облека. На премиерата на нејзиниот филм на Marvel, Eternals, нејзините ќерки Shiloh и Zahara носеа парчиња од нејзината архива.

Повеќе од 100 милиони тони текстилен отпад секоја година остануваат на депониите. Се чини дека Atelier Jolie е дизајнирано во обид да започне справувањето со овој огромен проблем.

Според веб-страницата на брендот, во Atelier Jolie : „Ќе можете да поправате или да ги обновите парчињата од вашиот плакар што сакате да ги оживеете, да ја усовршите формата, да вдишете нов живот во она што би можело да биде фрлено и да создадете квалитетна облека за вашите наследници, со лично значење“./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.