Швајцарскиот бренд Swatch повикува на ново, неверојатно патување со MoMA, Magritte, Louvre Abu Dhabi и Le Gallerie Degli Uffizi.
Се работи за Art Journey, нова колекција часовници чиј дизајн е инспириран од познати уметнички дела.


Art Journey колекцијата ( Уметничко патешествие) е инспирирана од следниве делата: „Девојка“ од Рој Лихтенштајн (1963), „Мечтаење“ од Рој Лихтенштајн (1965), „Раѓањето на Венера“ од Сандро Ботичели (15 век), „Алегорија на пролетта“ од Сандро Ботичели (15 век), „Ова не е луле“ од Рене Магрит (1929), „Синот на човекот“, од Рене Магрит (1964), како и комбинација на „Големиот бран“ на Хокусаи и астролабот на Мухамед ибн Ахмад Ал-Баттути.


За реализација на “Art Journey” и за легендарните и историски вредни уметнички дела да ги трансформира во нешто што може да се носи околу рачниот зглоб, Swatch склучи партнерства со: Музејот на модерна уметност (MoMA), Музејот Magritte, Louvre Abu Dhabi и со Le Gallerie Degli Uffizi.
Деталите се на сајтот на Swatch.
Официјален застапник на Swatch за Македонија е „Божиновски часовници и накит“./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.