Alessandro Michele e именуван за креативен директор од Jacol Venturini, извршен директор на Valentinо, со кој порано работеле во Gucci. Michele ќе ја преземе новата функција на втори април, а првата колекција со која ќе се појави во јавноста ќе биде наменета за пролет/лето 2025, за Paris Fashion Week, во септември годинава.
Во изјава за медиумите, Alessandrо Michele рече дека чувствува голема радост и голема одговорност што се приклучува на куќата на couture. Venturini ја изрази својата возбуда што повторно ќе соработува со Michele, додавајќи дека реинтерпретацијата на модните кодови на куќата и наследството на Valentino Garavani, заедно со визијата на Alessandro носат големи емоции што ќе се претвораат во неодоливо посакувани предмети.
Назначувањето на Michele, според зборовите на претседателот на Valentinо, Rachid Mohamed Rachid, ги нагласува големите амбиции на модната куќа.
Откако се повлече од Gucci, кон крајот на 2022 година, Michele беше предмет на бројни шпекулации околу тоа која модна куќа ќе ја преземе. Се спомнуваа Bulgari и Givenchy, во скоро време и Dries Van Noten, кога сопственикот на брендот го најави своето заминување од позицијата креативен директор./M.M.
More in:Вести
Новак Ѓоковиќ прв глобален амбасадор на Aman Group
Хотелскиот конгломерат Aman му посака добредојде на Новак Ѓоковиќ – тенискиот ас именуван за прв ...
Модната приказна на Emily in Paris
Emily Cooper (Lily Collins) и во четвртата сезона на Emily in Paris, напоредно со својата ...
Jannik Sinner – ѕвездата на Gucci
Модната куќа Gucci во соопштението до јавноста „ со гордост му честита на својот глобален ...
Rihanna и Dior – нова ера за J’Adore
Новата рекламна кампања на J’Adore парфемот на Dior со Rihanna, во режија на Steven Klein, ...