Acqua di Parma

Колекцијата Signatures of the Sun, на брендот Acqua di Parma, континуирано изненадува со своите нови мирисни композиции. Занаетчиството, како уметност е застапено во сите сегменти на креирање на мирисите на светски познатиот италијанскиот бренд. Од создавањето на парфемот, преку шишенцата и пакувањата, старите занаети одиграа важна улога, за познатите состојки да се реинтерпретираат на потполно нов начин.

Овој пат ги претставуваме Lily of the Valley, за оние кои сакаат цветни мириси и Oud & Spice, за обожавателите на древенестите ноти.

Lily of the Valley, сјаен парфем кој ја разоткрива убавината на момина солза. Заедно со неизбежниот бергамот и грејпфрут и живите тонови на црната рибизла. Јасминот, магнолијата и гераниумот го надополнуваат овој прекрасен букет, додека мошусот и кедровото дрво даваат потполност и топлина.

Oud & Spice, богат парфем во чие срце е Акваларија – една од најретките и најтаинствени состојки што ги нуди природата. Во комбинација со зачинските тонови на цимет и каранфилче го истакнува богатството на мирисот. Сончевиот бергамот и розе бибер ја освежуваат композицијата, додека малината дава “вкусна и заразна“ нота. Конечно, богатата роза, пачули и лабданумот го затвораат ова незаборавно, раскошно откритие.

Lilly of the Valley и Oud & Spice може да се најдат во парфимериите FABUspot Marriott и Cosmo City Mall во пакувања од 100ml и 180ml./М.М.

You may also like

Comments are closed.