Acqua di Parma

Брендот Acqua di Parma штотуку ја лансира својата нова колекција, инспирирана од бергамот. Како варијација на Bergamotto di Calabria од пред две децении, новиот мирис на брендот е од Bergamotto di Calabria La Spugnatura. Ако им се восхитувате на полињата со италијански бергамот и на нивниот уникатен мирис, Acqua di Parma ќе биде нешто совршено за вас за ова лето.

Acqua di Parma

Претставувајќи ја вистинската суштина на бергамот, парфемот со ограничено издание содржи нежност и природно богатство на ова растение, заедно со тоновите на мандарина и портокал. Исто така, крие траги од грејпфрут, галбанум и здравец, заедно со кедар и ветивер. Деталите се на https://www.acquadiparma.com/en/gb/fragrances/blu-mediterraneo/

За да го произведат овој парфем, мајсторите на познатата марка трошат од 75 до 100 килограми овошје за час, додека минимум двесте килограми мора да се потрошат за да се добие еден килограм есенцијално масло, кое потоа се собира, рафинира и се претвора во финален производ./M.M.

Acqua di Parma

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.