Со зголемувањето на температурите, не изненадува што сите бараат заштита од сонце (иако зависниците од нега на кожата добро знаат дека ако се грижите за вашата кожа, заштитата од сонце не е само за топлотни бранови, туку за секој ден).
Во функција на заштита од сонце, повеќе брендови почнаа да додаваат заштитни фактори на дневните креми и подлоги. Така на серумот Hyalu B5 на La Roche Posay, му се придружи Hyalu B5 SPF30 Aquagel, Olay Regenerist додаде дневен крем за лице со заштитен фактор 30, а и L’Oréal Paris Revitalift- на дневната крема со хијалуронска киселина и додаде SPF50. Звучи навистина добро – наместо два крема – дневната рутина и заштитниот фактор – да се користи само еден!
Прво, добрата вест е дека ако на кремот стои заштитен фактор, без разлика дали станува збор за хидратантна крема, прајмер, подлога или специјален производ за заштита од сонце, знаете дека е тестиран на ист начин како и заштитнот фактор. Значи, секој производ со заштитен фактор треба да ви дозволи да поминете подолго на сонце без да имате штетни последици.
Но, тука треба да се има предвид она на што обично не се обрнува внимание – тоа е дека заштитата е сигурна само доколку сте ставиле доволно крема – или – 2 мг на квадратен сантиметар, или, околу половина мала лажичка, за вашето лице и вратот. Значи, ако сте навикнати деликатно, тенко – тенко, да нанесувате креми, подлоги и заштита, тоа нема да има ефект, односно заштита. Едноставно не е доволно.
Така, додека на прв поглед, заштитата од сонце во вашата редовна хидратантна крема изгледа како убав начин да прескокнете чекор или да додадете дополнителна заштита, за жал не е толку едноставно како што изгледа. “Најдоброто решение за вашата кожа е да користите активен серум [серумите се повеќе активни отколку хидратантните креми] околу 20 минути пред кремата за сончање, а потоа да нанесете половина лажичка од производот за заштита од сонце со широк спектар”, Препорака од американските дерматолози е и доколку имате сува кожа на која и е потребен хидратантен крем, да го нанесете пред кремата за сончање и оставете да се упие десетина минути./М.М.