Данската креативност и Copenhagen Fashion Week започна со појадок и разговори за модата и одржливоста, директно пренесувани на интернет со цел да се испровоцира интерактивноста. На настанот присуствуваа дански и меѓународни лидери од креативните индустрии, вклучувајќи архитектура, дизајн и уметност, за да го означат создавањето на Белата книга за Одржливоста наречена Sustainability by design.
Разговарите за поодговорна иднина за модата ќе се пренесуваат во живо како дел од дебатите на ова издание на Copenhagen Fashion Week
Модната недела ќе се одржува до 13 август, предвидени се 25 модни ревии со публика, како и 13 дигитални премиери, со најновите колекции наменети за пролет/лето 2022 година. Распоредот и деталните информации се на https://copenhagenfashionweek.com/
Copenhagen Fashion Week склучи договор со YouTube за следење на настанот преку YouTube.com/Copenhagenfashionweek, YouTube.com/Live and YouTube.com/Fashion./М.М.