Според Harvard Health, воспалувањата можат да се појават на повеќе места во телото и различно да се манифестираат. Најчестите воспалувањата се болки во мускулите, по вежбање, како и болките и вкочанетоста во зглобовите условена од артритисот и други дегенеративни заборувања. Со конзумирање на антиинфламаторна храна се намалува ризикот од различни хронични заболувања-како рак, срцеви заболувања, или дијабетес – додека со сок од вишни се придонесува кон намалување на воспалувањата.
„Еден од врвните пијалоци за намалување на воспалението е сокот од вишни, вели Amy Goodson, автор на книгата, The Sports Nutrition Playbook. Намалувањето на воспалителните процеси се должи на моќниот антиоксиданс антоцијанин, присутен во вишните.
Воспалението се активира во телото кога имунолошкиот систем наидува на непозната супстанција, а според Goodson, антиоксидансите се моќни во намалувањето на неговите ефекти. Антоцијанинот, како и другите антиоксиданси, помага во заштитата од слободните радикали што предизвикуваат оштетување на клетките во телото. Неколку студии покажаа дека сокот од вишни помага да се закрепне по вежбањето и да се намали болката во мускулите. Исто така, се покажа дека вишните и нивниот сок помагаат во намалувањето на болката и вкочанетоста поврзани со артритис и други нарушувања во зглобовите, вели Goodson./М.М.