Изминатите 17 месеци за New York Fashion Week, како и за многу други настани, поминаа во неизвесност условена од пандемијата. Сега, според официјалниот календар на CFDA, таа неизвесност е надмината и настанот е поставен за термин од 8-ми до 12-ти септември. Модните колекции за сезоната пролет 2022 година ќе бидат преставени со модни ревии во живо, како и со модни филмови.
Неделата на модни ревии и промотивни настани започнува со ревијата на Ulla Johnson, завршува со Tom Ford, со тоа што во меѓувреме своите пролетни колекции ќе ги престават деведесетина модни дизајнери и модни куќи меѓу кои и: Tory Burch, Michael Kors, Oscar de la Renta, Carolina Herrera со Eckhaus Latta, Vaquera, Puppets and Puppets и Maisie Wilen.
Многу дизајнери работат и прекувремено за да ги завршат своите пролетни колекции и да подготват изгледи за Met Gala, што ќе се одржи (во помал, поинтимен обем) веднаш по NYFW, во понеделник, 13 септември./M.M.