Роберт Ивановски

Десетте дизајнерски години и исто толку ревии, Роберт Ивановски ги одбележува со колекција симболично насловена X, со десет изгледи, инспирани од јапонската борбена вештина на мечување кендо, односно основната традиционална облека (кендоги и хакама), што ја носат играчите. Разговаравме за деталите за јубилејната колекција, времето и начинот на кој се промовира, како и за идните планови во овој, како што посочува Ивановски, чуден и тежок период.

Роберт Ивановски – колекција Х

М.М. – Како би ја дефинирале новата колекција – инспирацијата за создавањето, изгледите, нивната енергија и пораката?

Појдовна точка на инспирација за колекцијата е јапонската борбена вештина на мечување кендо, односно основната традиционална облека (кендоги и хакама), која ја носат играчите.
Целата колекција е изработена од лен, одличен природен материјал за топлите денови, црната боја е домининта и се состои од десет изгледи за девојки и момци. Колекцијата симболично ја насловив X, не само затоа што брои десет изгледи, туку и затоа што е моја десетта колекција, а исто одбележувам и десет години како се занимавам со оваа професија…
Фотосесијата ја изработи Дарко Мораитов, модели се Искра Матиќ и Светислав Тобџиевски од модната агенција Моделс Ин, а за шминката се погрижи Ивана Спироска.

Роберт Ивановски- колекција Х

М.М. – Модната индустрија, во помала или поголема мерка, беше и е погоденa од последиците на пандемијата. Како ја замислувате реализацијата, промоцијата и преставувањето на колекцијата во постојните услови?

Ова е втор пат да претставам колекција само со едиторијал. Повеќе сакам кога тaа ќе биде претставена и со перформанс или модна ревија, но изминатиов период многу работи се променија во начинот на кој фукнционираме. Живееме во дигитално време каде се е достапно онлајн, па така промоцијата на оваа колекција ќе се одвива на тој начин, прилагодувајќи се на моменталните услови.

М.М. – Како би се опишале себе си – вашиот стил, воопшто водечката инспирација за создавањето?

Можам да кажам дека основата на мојот стилот на работа е истиот од моите почетоци, но созреан, малку почист и минимализиран. Испирација за творење најчесто доаѓа од моето опкружување и моменталните чувства.

Роберт Ивановски – колекција Х

М.М. – Кога сме кај дизајнот – можеме ли да се навратиме на вашите почетоци, на поривот за создавање, премрeжјата и дилемите – доколку биле присутни?

Од кога знам за себе поврзан сум со модата. Покрај средношколските и студентските денови каде веќе бев насочен и навлезен во оваа област, моите почетоци ги сметам од мојата прва колекција, првата модна ревија, првите клиенти. Дилемите постоеле тогаш, постојат и сега, тоа е нормален дел од процесот на создавање.

Роберт Ивановски – колекција Х

М.М. – Кои се вашите планови за годинава?

Живееме во чуден и прилично тежок период веќе подолго време, па не сите планови се реализирале како што сме сакале. Научив да не гледам многу далеку и да не планирам премногу, туку да живеам во сегашноста. Би сакал на есен веќе да имам нова колекција, но за тоа, потоа./М.М.

Роберт Ивановски – колекција Х

Податоци за контакт:
Веб страна: www.robertivanovski.com
Инстаграм: @robertivanovski

Роберт Ивановски – колекција Х

 

Роберт Ивановски- колекција Х

 

Роберт Ивановски – колекција Х

 

 

Роберт Ивановски- колекција Х

 

Роберт Ивановски- колекција Х