Убавина вестиУбавина и здравје

Open Sky – нов мирис на Byredo

Byredo

Open Sky – новата унисекс парфемска вода на Byredo е со лимитирано издание

Open Sky претставува метафизички омаж на искуството од патувањето: дестилација на патувањето, оптоварено со исчекувања – истражување на празнината помеѓу поаѓањето и дестинацијата.

“Иако, некое време практично сме заробени на едно место, нашите сеќавања станаа посебно живи – и она на што најчесто се сеќаваме се патувањата. Таа идеја за движењето, за патувањата, за тоа дека сте некаде на пат – тоа е она што во моментов  најмногу ми недостига. Со оваа парфемска вода сакав да ја доловам празнината што постои меѓу местото на поаѓање и крајната дестинација“ – појаснува Ben Gorham, основач и креативен директор на Byredo.

Преку живописно помело, прекриено со лисја од коноп, електричната енергија на очекувањата одново се зголемува. Заводливите ноти под  тоа,  со  зачин од црн пипер, дрвенеста романса на пало санто и пријатната привлечност на ветиверот, нудат трансцендентна димензионалност на освежувачките цитруси. Сето, во Open Sky парфемската вода претставува мешавина без ограничувања, создадена да предизвика неограничени можности.

Горни ноти: помело, бибер

Средни ноти: листови коноп

Базни ноти: свето дрво, ветивер

 

You may also like

Comments are closed.