Miranda Kerr, австралиски супер-модел е заштитното лице на најновата рекламна кампања на Louis Vuitton, за нивните Capucines чанти.
Се работи за еден од најпознатите дизајни на модната куќа, посветен на првата продавница, отворена во 1854 година, во улицата Neuve-des-Capucines.
Освен новите бои, за летово модниот асесоар е проширен и на каиши и модели на Capucines чанти од платно, со монограмот на брендот на Louis Vuitton.
Capucines чантите во оваа колекција се изработени од рафија, во повеќе пастелни бои и со монограм на модната куќа. https://eu.louisvuitton.com/eng-e1/women/handbags/capucines/_/N-zsljf9
Убава мајка на три деца позира на сонце во Лос Анџелес, облечена во најдобрите парчиња со потпис на модната куќа Louis Vuitton./М.М.