Може ли и за вас бројот “22” да биде среќен- и – зошто токму тој број?
За Jeanne Lanvin тој број беше среќен: таа, на возраст од 22 години, го отвори својот, сега иконски бутик, на Faubourg Saint-Honoré, број 22, во центарот на Париз.
Тоа се случи пред повеќе од 130 години.
Како спомен и почит кон сето што бројот 22 значел за модната куќа Lanvin, креативниот директор Bruno Sialelli, со специјална колекција „22„ ја истакнува силата на Jeanne Lanvin, нејзиниот претприемачки дух, храброста и посветеноста кон успехот и изразувањето на елеганцијата.
Колекцијата “22” ја сочинуваат торби со три големини, за сите пригоди, за ден и ноќ./M.M.