На годинешниот моден настан DUCFS – THE RESET 2021, на кој учествуваа дизајнери од цела Европа, а се одржува во Дурхам, Англија, во организација на Durham University, учествуваше и нашиот дизајнер Димитар Бабков со својот бренд Son of Salome.
Презентирани се осум модели од последната колекција “The Ninth Circle”.
Посебна чест ми е што бев дел од ова шоу и придонесов во хуманитарната организација на овој настан, вели Бабков, за учеството во годинешниот DUCFS насловен како THE RESET.
Собраните средства ќе бидат донирани во неколку организации кои подржуваат млади креативци.
Инаку, годинешниот DUCFS се одржа по 15 месеци заклучување и по многу нешта беше поинаков од претходните години. Во соопштението до медиумите се вели дека DUCFS го организира настанот сосема поинаку, поради познатите околности, иако основната цел, поддршката на младите креативци, останува непроменета./М.М.