Nike Go FlyEase

Како би направиле обувки доколку сакате да се облекуваат без употреба на рацете? Ова едноставно прашање, како задача е поставено пред Nike Go FlyEase дизајн тимот. За тоа како дошле до решението и какви предизвици биле пред нив, снимено е и кусо видео: https://www.nike.com/flyease/go-flyease

Nike Go FlyEase

Иновацијата довела до едноставно, ефикасно облекување на новите, штотуку промовирани Nike Go FlyEase.

Nike Go FlyEase функционира преку затегнувачката лента, со двостепена шарка ги држи во стабилна отворена положба. Кога ногата се става во патиката – задниот дел кликнува и се затвора. Кога ногата се повлекува назад, на шарката, патиките се отвораат!

Nike Go FlyEase

Боите на Nike Go FlyEase ги доловуваат меките пастелни нијанси на изгрејсонцето и затемнетите бои на градот навечер, за да можете да ги спарите со кој било изглед, во кое било време – патиките се за од утро, до навечер, велат од Nike Go FlyEase дизајн тимот./M.M.

Nike Go FlyEase

You may also like

Comments are closed.