Contur е едновремено и еколошки и, според дизајнот и квалитетот, луксузен бренд, наменет за жени кои се грижат за планетата. Дизајнот и производството се во Велика Британија, а суровините од Италија, од ECONYL – преработен најлон, океанска пластика и рециклиран памук.
Облеката за спортување на Contur ја обвиткува фигурата, овозможува совршена удобност при движењата и секако задоволство од придонесот кон заштитата на околината – овој пат и по пристапни цени.
Contur е меѓу најдобрите одржливи брендови за активна облека што можат да се купат летово.
За среќа, еколошки активната облека повеќе не е реткост, па така се побројни се и опциите што им стојат на располагање за потрошувачите на бавната мода, кои сакаат да купуваат со совест и да се грижат за планетата и за идните генерации./М.М.
Деталите за Contur производите се на https://www.conturuk.com/shop/#smoothmove