Со пораката – Нашето време доаѓа!, славната британска креаторка Stella McCartney, низ својата модна кампања за есенва ја шири и пораката на Humane Society International, за забрана на трговијата со крзно, на глобално ниво. https://www.stellamccartney.com/us/en/
Без оглед дали се продава во Европа или низ светот, користењето крзно претставува варварска пракса што не познава граници. Мојата животна мисија е да ја разбудам совеста во модната индустрија, истакнува дизајнерката.
Фотографите Mert & Marcus имаа одговорна задача – да ги сликаат животните-модели облечени во есенската колекција како талкаат низ Лондон.
Сите додатоци, или делови од презентираната облека – од јакни од пердуви до кожени комплети се од вештачки материјали и cruelty-free. Вегански се и чантите Falabella и Frayme, украсени со ланци.
Сосема доследно на дизајнерката која со години се бори за права на животните и заштита на околината./М.М.