Hermès

Кој можеше да замисли дека Британската актерка Jane Birkin, ќе биде поводот за создавање на ташна која потоа со децении, освен што ќе го носи нејзиното име, ќе биде и една од наславните, најбараните и најскапите на модната куќа Hermès. Откако таа, седејќи во авиот до извршниот директор на Hermès, Jean-Louis Dumas, се пожалила дека неможе да најде торба соодветна на нејзините потреби како млада мајка, Dumas веднаш скицирал торба која и ден денес плени со изгледот и квалитетот.

Hermès

Од тогаш до денес, создадени се бројни варијанти, од различни видови кожа, со различен облик и бројни додтоци. Најновата серија, инспирирана од зеленчук и, секако, од Birkin торбата, што туку ја промовира модната куќа Hermès. Торбата е во нијанси на зелената боја и потсетува на листови зелка, односно на наредени парчиња од краставица.

Моделите на Биркин ташната се бројни, а вредноста постојано им се зголемува. Се нарачуваат, чекаат по неколку месеци, а цените достигнуваат повеќе илјадници фунти. Токму поради оваа причина, Биркин ташната е едновремено ексклузивен моден додаток и вносна инвестиција./М.М.

You may also like

Comments are closed.