Crystal Quartz е новото проширување на колекцијата на сезоната: кварцот е поставен на ткаенината преку плетен метален ланец, како манифестирана желбата за засилување на вашата енергија во универзумот. https://christopheresber.com.au/collections/spring-quartz?_ke=eyJrbF9jb21wYW55X2lkIjogIlFacHM1ZiIsICJrbF9lbWFpbCI6ICJqdWxpamEucGlzaHBlY2thQGdtYWlsLmNvbSJ9
Christopher Esber, својта пролетно летна – колекција ја надополни со посебен дел наречен Crystal Quartz. Станува збор за еднобојното здолниште, комплет или фустан, со целосно неочекувани детали – кварц поставен на месингана основа вплетена или обвитката во целосно неочекувано направена облека.
Esber си дозволува вакви, неочекувани, но сложени композиции, поради одличното познавање на кроењето и затоа користи сложени техники – за да им дозволи на некои парчиња да бидат фиксирани каде што тој тоа го сака.
Бројните надополнувња на годинешните колекции не се случајност – Christopher Esber годинава одбележува 10-годишнината од постоењето на својот бренд. Наместо пригоден настан, со ревија и огномени, тој досега се јавува само со дополни на колекциите за годинава, како и нивна дистрибуција.
Колекцијата одлично се вклопува со позната линија на фустани во неочекувани детали./М.М.