автор Билјана Клекачкоска

Делото е неречено „Три птици собрани околу капка течна светлина на лист од лапис лазули„,  новото читање на овие древни христијански симболи, дискретно упатуваат на одговорноста да се градат благородни заедници во доба кога заедништвото е под голем знак прашање, истакнува авторката Билјана Клекачкоска.

Билјана Клекачоска

Оваа година, на чествувањето во Ватикан, претседателот Пендаровски на Папата Франциск му подари  дело изработено во филигранска техника од Билјана Клекачкоска, наречено „Три птици собрани околу капка течна светлина на лист од лапис лазули„.

За своето дело, за МодаМода, Билјана вели: Ми беше голема чест и задоволство да изработам подарок за Папата. Ова дело, инспирирано од *Псалмот 42* , илустрирано на мозаичниот под од крстилницата на најстарата базилика во Македонија, од сега натаму живее во Ватикан. Едно мало пламенче е запалено и од сега ќе топли и грее. Двете пауници и гулабицата ги изработив во филигранска техника, наместа со чисто злато. Птиците облетуваат околу капка од горски кристал, која рачно ја обработив и позлатив со 24-каратно злато. Позадината е мозаичен тенок лист од лапис лазули, кој го изработив во Флорентинската техника на мозаична уметност. Ги претставува небесата.

автор Билјана Клекачкоска

Комбинацијата на техниките и избраните мотиви ги претставуваат едновремено фрагилноста на животот во заедница, бесценетата взаемност и споделувањето во слободата на духот симболизиран низ гулабицата и посветеноста на вечноста, симболизирана низ паунот.

Користените материјали и новото читање на овие древни христијански симболи, дискретно упатуваат на одговорноста да се градат благородни заедници во доба кога заедништвото е под голем знак на прашање.

Инспирацијата за ова дело е мозаик од крстилницата во Епископска базилика во Стоби, која датира од 4век.

Материјалите се: сребро 985, злато 999, лапис лазули, горски кристал.

“Како што срната жеднее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе!”

Билјана Клекачкоска сега е во Германија, во Идар Оберштајн, на мастер за накит и скапоцени камења. /М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.