Miu Miu

Создавајќи визија за класичен летен концепт со модерен, свеж и помалку ироничен пресврт, колекцијата Maritime е најновиот предлог на Miu Miu за претстојната летна сезона.  Имено, желбата за повторни истражувања и возбуда, од нови патувања, во најновата колекција на Miuccia Prada се повеќе од истакнати, со сите карактеристики на морската атмосфера – бои, ткаенини и линии – за да создадат летна колекција за одмор крај морскиот брег. Палетата на бои ги вклучува сите опции со сина, бела, бледо розова, со материјали кои се движат од сатен, пуплин и памучен тексас.

Miu Miu

Маринскиот стил добро и прилега на најновата колекција потпишана од Miuccia Prada. Силуетите на плажите се во сино, исто како и небото и морето.  Во тоа синило е заробен и екипажот на Miu Miu, од Johnny Dufort, на плажата Bon-Secours на Saint Malo.

Miu Miu

MiuMiu е дел од групата обединета во маринскиот стил на облека. Типичните, класични морски елементи, со широки раменици и тегет ленти, потоа деталите со елегантна чипка на ракавите, околу струкот и здолништата, се надополнети со модни додатоци во пастелни бои./М.М.

Miu Miu

Модниот филм е на следниов линк:

Miu Miu

Miu Miu

Miu Miu

Miu Miu

 

You may also like

Comments are closed.