LiluSilk

LiluSilk, интернационалниот производител на постелнина и облека од свила ја претстави својата пролетна понуда. Производите од свила се прилагодени на кожата и високо квалитетни: се користи само свила од степен 6А, позната како „Кралица на влакната“ од Кина – производител на најдобра светска свила, како и кашмир од А степен, познат како „Скапоцен камен од ткаенина“, од кози во Монголија.

Интернет продавницата со кусо видео претставување е на следниов линк https://www.lilysilk.com/us/our-story?cs=footer&cn=20210115about1

LiluSilk со мотото „Дизајнирано да трае“ е силно посветена кон совршен квалитет. Голем тим експерти за осигурување на квалитет (ОК) го следи и надгледува производствениот процес за одржување на највисоките стандарди. Нуди широк спектар на производи од свила кои вклучуваат: постелнина, облека за спиење, деловна облека, постелнина за бебиња и  џемпери од кашмир, свилени и волнени шалови и модни додатоци.

LiluSilk

Идејата за LiluSilk ја осмисли  и реализира во Lily Lin, во 2010 година, откако помина повеќе од една деценија работејќи во индустријата за свила во Франција. Идејата беше да се надмине преовладувачкиот деловен модел каде што трговците реализираа огромен профит, клиентите плаќаа огромни цени, а работниците остануваа во релативна сиромаштија. Идејата беше и да се создаде Интернет продажба што ќе ги поврзе кинеските ткајачи на свила директно со западните вљубеници во овој благороден материјал.

LiluSilk

На јубилејот лани, одбележувањето на првата деценија од основањето, посочено е дека добар дел од целите се успешно остварени – клиентите се директно поврзани со работниците кои имаат пристојни плати и разумно работно време. Производите се значително поевтини од продавниците за свила во САД или Европа, без да се жртвува остварениот висок квалитет./M.M.

LiluSilk

LiluSilk

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.