За прв пат, во долгата историја на Tiffany & Co. создадени се веренички прстени за мажи. Диајмантите во колекцијата веренички прствени се меѓу најблескавите и најпосакувани скапоцени камења во светот. Вереничкиот прстен за жени, The Tiffany ® Setting, дијамантски солитер, е иконски избор од 1886 година. Додека венчалните прстени служат и за жени и за мажи, Tiffany никогаш до сега не дизајнирала веренички прстен специјално замислен за мажите.
Charles Tiffany серијата, именувана по основачот Charles Lewis Tiffany, дебитира во мај годинава и претставува модерна, смела и структурна алтернатива на класичниот веренички прстен. Серијата ја красат дијаманти, брилијанти и смарагди – во платина или титаниум.
Прстените ја слават љубовта, инклузивноста и традициите што се развиваат и се спротивставуваат на родовите норми. Историјата ни кажува дека мажите даваат веренички прстени, а жените ги добиваат. Но, зошто мажите не треба да можат да го слават својот ангажман со парче накит? Вереничките прстени претставуваат доживотна обврска кон саканата личност и тие треба да бидат достапни за секого и за секоја романтична приказна. Tiffany исто така демонстрира лидерство во индустријата, со својата долгогодишна посветеност на следливоста на дијамантите./М.М.