Knwls

Есенската колекција на Charlotte Knowles, сега пласирана под името Knwls, подготвена за носење, односно продажба, може да биде идеална и за наредните месеци. Колекциите за пролетва, како и за наредната есен се дизајнирани заедно со нејзиниот партнер Alexandre Arsenault, а нивниот тим значително порасна изминатава година. Тоа е една од причините за промена на името. Втората, можеби поважна, е што новото име ја одразува довербата кон потенцијалот на нивниот бренд. Knwls има потенцијал да прерасне во глобален бренд, што на жените може да им понуди комплетна гардероба.

Knwls

Есенската колекција на Knwls, е голем чекор токму во таа насока. Дизајнерското дуо го истакна првиот преглед на комплетна облека во кој над корсетите, се смели кроеви со оригинални деколтеа, со ленти и актуелните ѕвонарки, во живописни бои, надополнети со палета на структурирани чанти. Видео записот од есенската колекција, преставен на Лондонската модна недела, може да се види тука: https://londonfashionweek.co.uk/designers/knwls

Knwls

На прв поглед, облеката изгледа речиси умерено – но вкрстените мрежни врвови, проширувањата на фустаните и меките кардигани ветуваат впечатлив стил. Многу парчиња излегоа во апстрактен отпечаток на мачки или со леопардови дезени, делумно инспирирани од заедничката љубов кон мачките на Knwls тимот. Но, насловот на колекцијата, Feral, имплицира на нешто пожестоко: на нескротливо чувство и потреба за ослободување од времето поминато во локдаун.

Токму тоа е она што го чекаат девојките – своевидна дива елеганција – облека што ќе ја носат за повторно да се појават – да блеснат и да бидат секси, со непологетска, а сепак изненадувачки удобна облека./M.M.

Knwls

Knwls

Knwls

Knwls

Knwls

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.