Бидејќи пандемијата и понатаму го отежнува животот, а дистанцата е неопходна, работата од дома, благодарение на технологијата, станува неминовна нужност. Со неа и канцеларијата – дома – неопходност.
Дури и кога деловните активности и канцелариите полека повторно се отвораат, пандемискиот бран стивнува, а вакцинацијата напредува, многу компании направија така-наречен хибриден модел, според кој вработените доаѓаат во канцеларијата само повремено и според утврден распоред, вели Justina Blakeney, основач на Jungalow. „Сведоци сме на бројни импровизации и преправки за создавање домашни канцеларии и на креативни решенија за работни зони.
Додека повеќето луѓе се принудени да го прилагодат постојниот простор што го имаат во моментов, мошне е веројатно дека многу нови домови ќе бидат изградени со простории за канцеларии. Во домовите што летово ќе се реновираат, најверојатно ќе биде предвиден и работен агол, како решение за работата од дома. Новото нормално бара и соодевно решение во уредувањето на домот./М.М.