Totême

Totême го редефинира секојдневното класично, за да ја претстави елеганцијата на современата жена.

Основана во 2014 година од шведскиот дизајнерски пар Elin Kling и Karl Lindman, Totême е луксузна линија за женска облека. Концептуално поставена како своевиден копнежот по софистицираноста, што пред се подразбира и лесност, лежерност во облекувањето, нуди приод според кој парчиња се комбинираат за да создадат најразновидна и безвременска гардероба.

Totême го редефинира она што се подразбира под класично за модерната, остроумна жена.

Седиштето на брендот е во Стокхолм, од каде што секоја сезона излегуваат нови колекции ватирани јакни, елегантни парчиња тексас, како и комплети од свила./М.М.

Totême

Totême

Totême

You may also like

Comments are closed.