Минатата година повеќе големи модни куќи, вклучувајќи ги McCartney, Adidas, и Gucci, со матичната компанија Kering, формираа конзорциум и инвестираа за да го зголемат производството на мицелиј кожната алтернатива. Само неколку месеци подоцна, модната куќа Hermes, како и два бренда од конзорцијумот на Kering, ги промовираа своите производи создадени од мицелиј кожна алтернатива.
Првин Hermes го претстави својот исчекор кон светот на одржливи алтернативи на кожата. Славната модна куќа се здружи со стартап компанијата MycoWorks од Калифорнија, за развој на еколошката верзија на класичната чанта Викторија, создадена од кожа на база на печурки. Работејќи со MycoWorks, Хермес го патентираше Fine Mycelium, текстилот добиен од печурки и го трансформира во материјал сличен на кожата, наречен Sylvania. Модната куќа користеше Sylvania како основа за новата чанта Hermes – Викторија.
Потоа Stella McCartney го создаде црниот комплет, составен од корсет и панталони, изработен од рециклирани влакна, со панели од веганска кожа, од мицелиум наречена Mylo, а како резултат на соработка на дизајнерската со американскиот производител Bolt Threads. Дизајнерката долго настојува за да поттикне револуционерни промени во модната индустрија и замена на кожата со мицелиум алтернативата.
Уште од 2018 година, од создавањето, Mylo се користеше само за создавање помали модни додатоци, како прототип на McCarney торбата Falabella, преставена на изложбата Fashioned From Nature, од V&A. Годинава, направен е виден напредок, па и првите комплети облека, што Stella McCartney го претстави минатиот месец.
По нив и Adidas го откри концептот за своите први еколошки патики создадени од вештачка кожа од печурки, именувани како „Stan Smith Mylo“. Материјалот е создаден од коренската структура на печурките и наречен “Unleather”. Тој изгледа и има чувство исто како кожа, но се произведува со далеку помалку сиров материјал и енергија. Создаден е од Bolt Threads, компанија специјализирана за развој на алтернативни материјали – на свила и на кожа. За сега во фаза концепт, од Адидас сметаат дека за една година патиките ќе ја добијат својата комерцијална верзија./М.М.