Nike Refurbished е најнова акција на компанијата во создавањето нови решенија за намалување на отпадот.
Nike Refurbished е најновата понуда на Nike за продажба на малку носени патили или оние произведени со одредени дефекти, за сега достапна во петнаесетина продавници ширум САД. Откако купувачот ќе ги врати патиките во Nike, Nike Refurbished ги средува, обновува, за потоа да им ги понуди на купувачите по содветни цени.
Откако купувачот ќе ги врати патиките што ги исполнуваат условите, се доставуваат во Nike Refurbished. Секој пар се прегледува и обновува рачно, а потоа и се дава оценка за состојба. Тимот користи голем број на различни производи и алатки за да ги врати патиките што е можно поблиску до новата состојба. Од состојбата зависи и цената на обновените патики. Пораката на кутиите овозможува лесно да се види за какви патики станува збор, за состојбата и слично. Со скенирање на QR-кодот, можат да проверат уште повеќе информации за акцијата Nike Move to Zero. Деталите за тој процес се на: https://news.nike.com/news/nike-refurbished-circularity-model
Nike Refurbished го продолжува животниот век за три вида обувки: оние „како нови„ (можеби носени еднаш или два пати ), малку носени, како и оние со недостатоци ( нешто како мала грешка во производството).
Вратениот производ што неможе да помине во Nike Refurbished, оди на рециклираме во Nike Grind.
Nike Grind претставува заложба за постојани иновации за обновливост. Она што е започнато како основна иницијатива во 1992 година за пренамена на старите патики кон депонии, сега е глобална програма за одржливост што помага да се трансформира производството на остатоци и на стари патики во рециклирани материјали Nike Grind. Сето е дел од визијаиа на Nike за кружна иднина – онаа каде што концептот на отпад повеќе не постои./М.М.