Louis Vuitton Airplane Bag

Социјалните мрежи деновиве ја споделуваат машката торба во форма на авион, од 39.000 американски долари, како дел од машката колекција за престојните есен/зима на Louis Vuitton. Коментарите се движат од „апсолутно збунет од оваа вреќа во форма на авион“ до „ дали и кој ова би го носел/платил и зошто?“

Virgil Abloh, во претставувањето на машката колекција, чиј дел е спомнатава торба-авион, објаснува дека се работи мултидисциплинарен уметнички перформанс, изразен во поезија, танц и музика, заробен помеѓу Париз и село во швајцарските планини.

Колекцијата е тематски позиционирана на есејот на James Baldwin, од 1953 година „Странец во селото“. Преку неговите искуства, како афро-американски посетител, во едно швајцарско село, есејот на Baldwin служи како лајт-мотив за истражувањето на Abloh, на денес познатото искуство, со одраз на воспоставената структура на општеството на културни аутсајдери и инсајдети.

Отелотворувајќи ги физичките конфронтации со психолошките конфликти, истражени во есејот на Болдвин, сетот го конфигурира и го ре-конфигурира швајцарското село преку апстрактна мермерна етапа, што ги претставува емоциите на авторот.  Во согласност со напорите за одржливост на Луј Витон, поголемиот дел од дрвото и каменот што се користеа за конструирање на претставата беа донирани за повторна употреба од партнерите во секторите за уметност и култура.

Колекцијата има архетипови – писател, уметник, продавач, хотелиер, сопственик на галерија, архитект, студент – ги истражува нивните дред- кодови, со предодредени перцепции за сите нив. Ангажирајќи ја модата за алатка за промена на овие претпоставки, Virgil Abloh сака да направи граматика на дрес-кодови, со различни вредности.

Претставените парчиња облека, модните додатоци, мотивите и техниките, играат на тема илузија, присвојувајќи го нормалното – преку екстремното. Virgil Abloh го покани концептуалниот уметник Lawrence Weiner да конструира низа афоризми како обрасци врзани за колекцијата: „можеш да зборуваш за книгата според кориците“, „исто место во исто време“, „некаде, некој“.

Тука некаде треба да се бара и мотивот за торбата Louis Vuitton Airplane Bag! https://eu.louisvuitton.com/eng-e1/magazine/articles/men-fall-winter-2021-show-paris#looks

 

You may also like

Comments are closed.