За разлика од марамчињата, создадени да апсорбираат маснотии од лицето наменети за еднократна употреба, ролерот е трајно решение за проблемот со масните траги и непријатниот сјај на лицето.
Ролерот за лице со кој се отстранува вишокот маснотии од лицето, најчесто во Т-зоната, од Revlon, е изработен од вулкански камен, со мало тркалезно топче, со кој брзо се апсорбира вишокот маснотии од лицето.
Ролерот е исклучително лесен за употреба. Може да се користи на лицето со или без шминка. Со тркалање на ролерот над површината на лицето, вишокот на масло исчезнува и кожата останува беспрекорно мека, чиста и сува. За да го исчистите ролерот, треба прстенот околу каменот да се сврти во насока на отклучување и да се извади топката. Потоа измијте ја со топла вода над чешма, со благ чистач и оставете го да се исуши, пред да го вратите на место. Ролерот овозможува лесна масажа и ефикасно отстранување на вишокот масло. /M.M.