Росица Мршиќ

Дизајнерката Росица Мршиќ за претстојната сезона создаде нова, ‘limited edition’ линија, со авторски принт на впечатливи модни марами. Овие модни додатоци ја одразуваат и нагласуваат женственоста и се можност пошироката модна публика да ужива во носењето на дизајнерско модно парче со уметничкиот потпис на дизајнерката, со чувство на посебност, поради ексклузивноста и автентичноста на производите.

Новата линија марами ја надополнува понудата на модни парчиња на брендот ROSICA MRSIK кој постојано воведува новитети на модниот пазар и работи на создавање нова естетика. Дизајнерските марами од оваа линија го надополнуваат и освежуваат индивидуалниот изглед, што ги прави оригинален додаток за секоја пригода и идеален подарок за секоја жена.

Росица Мршиќ е интернационално етаблирана модна дизајнерка, бренд со современ, софистициран и деликатно скулптуриран стил. Нејзината естетика е препознатлива по смелиот, но и женствен потпис и прецизна изработка, што ја рефлектира нејзината визија за силни и самосвесни жени, следбенички на иновативната и безвременска естетика.

Основан во 2009 година, македонскиот бренд Росица Мршиќ е меѓу првите што работи по принципот на одржлива и бавна мода, создавајќи автентични модни приказни и колекции.

Во текот на целиот период на работење, брендот создава лимитирана, висококвалитетна мода, со минимален импакт кон животната средина и работи по фер и етички стандарди.

Фото: AniDimi

Модел: Сандра Алекс

 

You may also like

Comments are closed.