Макси здолништата ќе бидат актуелни и во наредните сезони – на модните недели во Милано и Њујорк прикажани се повеќе колекции во кои макси здолништето е и во дневна и во вечерна комбинација – и за пролетва, како и за претстојното лето.

За оваа пролет макси здолништата се тесни, од твид или вештачка кожа, во беж или нијанси од браон до жолта, во комбинација со чизми или чевли со средна штикла, додека за летните денови, здолништата се од лесни материјали и во повеќе дезени: од цветни до животниски принтови.

Можат да се комбинираат со кошули, прозирни блузи или едноставни маици. Пролетната облека е на продажба и вистинско време е да ја збогатите вашата гардероба со макси здолниште. Инвестирањето во ова парче облека сигурно ќе ви се исплати, бидејќи може да го носите повеќе сезони./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.