Новите парчиња дозволуваат да бидете слободни и да ја прекршите наметнатата детерминираност: со нив можете да експериментирате и да ги адаптирате кон вашите потреби. – Пролет-лето 2021 на Кокев е носива, природна, неусилена и едноставна за комбинирање
Доколку на нешто требаше да нѐ научи новото време, односно од лани „новото нормално”, тоа е дека треба повеќе да ги вреднуваме нештата кои досега ги сфаќавме здраво за готово: да стремиме кон умереноста и едноставноста – во сите аспекти на живеењето.
Кокев во својата новата колекција пролет-лето 2021 го прави токму тоа – апелира на едноставност, смиреност и умереност.
Кокев не отстапува од себе, туку спротивно, сето свое досегашно искуство и знаење го адаптира на современите потреби на младите и храбри жени, кои успешно жонглираат во текот на едно деноноќие – со целиот багаж обврски, задачи, проблеми…
Новите парчиња дозволуваат да бидете слободни и да ја прекршите наметнатата детерминираност: со нив можете да експериментирате и да ги адаптирате кон себе и кон вашите потреби.
Пролет-лето 2021 на Кокев е носива, природна, неусилена и едноставна за комбинирање.
Нејзиниот фундамент е: едноставноста е луксуз!