Потребни состојки:
За тестото:
- 180 гр. путер,
- три јајца,
- 200 гр. шеќер,
- 250 гр. брашно,
- пециво,
- 3-4 лажици млеко,
- 30 мл. ликер од вишни.
Бел фил:
- 700 мл. млеко,
- ванилин шеќер,
- 150 гр. шеќер,
- два пудинга од ванила,
- три лажици кисела павлака,
- пет гр. желатин,
- 500 гр вишни (исчистени од семки).
Корален прелив:
- 150 гр. изблендирани вишни,
- 100 гр. шеќер,
- пет гр. желатин.
Начин на подготовка:
Се матат путерот со шеќерот, се додаваат јајца, млеко, пециво и брашно. Смесата се става во намастена тава и се пече 20 минути во загреана рерна на 175 Ц.
Печеното тесто се полева со ликерот од вишни и над него се ставаат исчистените вишни. Млекото, шеќерот, ванилата и пудинзите се варат за да се добие густа маса. Се тргнува од оган и се додава киселата павлака и желатинот кој претходно е растворен во студена вода. Смесата се меша за убаво да се соедини. На вишните се става белиот топол крем и остава да се олади, за во меѓувреме да се подготви преливот. Изблендираните вишни со шеќерот треба да се стават на оган и се остава да вријат пет минути па им се додава претходно растворениот желатин во студена вода. Се мешаат и се прелеваат над оладениот бел крем. Колачот се остава половина час за да се олади во фрижидер, а потоа се сечат коцки. Наздравје!/Б.Б.