Bobe’s bakery

Потребни состојки:

За тестото:

  • 180 гр. путер,
  • три јајца,
  • 200 гр. шеќер,
  • 250 гр. брашно,
  • пециво,
  • 3-4 лажици млеко,
  • 30 мл. ликер од вишни.

    Bobe’s bakery

Бел фил:

  • 700 мл. млеко,
  • ванилин шеќер,
  • 150 гр. шеќер,
  • два пудинга од ванила,
  • три лажици кисела павлака,
  • пет гр. желатин,
  • 500 гр вишни (исчистени од семки).

    Bobe’s bakery

Корален прелив:

  • 150 гр. изблендирани вишни,
  • 100 гр. шеќер,
  • пет гр. желатин.

Начин на подготовка:

Се матат путерот со шеќерот, се додаваат јајца, млеко, пециво и брашно. Смесата се става во намастена тава и се пече 20 минути во загреана рерна на 175 Ц.

Печеното тесто се полева со ликерот од вишни и над него се ставаат исчистените вишни. Млекото, шеќерот, ванилата и пудинзите се варат за да се добие густа маса. Се тргнува од оган и се додава киселата павлака и желатинот кој претходно е растворен во студена вода. Смесата се меша за убаво да се соедини. На вишните се става белиот топол крем и остава да се олади, за во меѓувреме да се подготви преливот. Изблендираните вишни со шеќерот треба да се стават на оган и се остава да вријат пет минути па им се додава претходно растворениот желатин во студена вода. Се мешаат и се прелеваат над оладениот бел крем. Колачот се остава половина час за да се олади во фрижидер, а потоа се сечат коцки. Наздравје!/Б.Б.

You may also like

Comments are closed.