Victoria Beckham

Ангажирана, експлицитна и организирана Victoria Beckham силно гази во модниот свет на 2021. Во електронската продавница се моделите за пролетва и летото, инспирирани од енергијата на жената и во ова време-невреме, додека за есента предлогот се сребрени чизми и облека со елементи на униформи.

Victoria Beckham

Најновата колекција на Victoria Beckham за есента 2021, како да го отсликува нејзиното постпандемично ехо.  Малите детали што порано ја опседнуваа ги има помалку, а таа вели дека тоа и се допаѓа – а претставува и ново чувството на слобода. После финансиските шокови на ковид-19  и минималната пролетна колекција, за есента 2021 е направен дизајнерски исчекор – со блескави чизми како симбол на нејзината нова визија. Во оваа колекција познатата облека на ВБ сведочеше за одредена студија: моделите се поедноставни и усовршени. Во рамките на овој процес, задржани се скулпторските линии што ја разликуваат од модните норми. Така на пример, споен е воен сензибилитет со нејзиниот, а додадени разновидни елементи од униформи, како на пример палтото на морнаричкиот адмирал со црвена постава, со контраст  кој деликатно го врамува секое парче облека.

Victoria Beckham

Есенската колекција ќе биде достапна во мај, а онаа за проелтта и летото е веќе во електронската продавница на Модната куќа. Во неа, во сенка на пандемијата, се дизајнирани парчиња чија порака е спонтаност, инстинктивност… ограничувања како предизвик и како ослободување. „Ограничувањата можат да бидат ослободувачки, велат во Модната куќа. Работејќи од далечина, за оваа колекција реагиравме спонтано. Бевме инстинктивни. Се запрашавме што се смени? Што сакаме да бидеме? Што ќе посакаме? Електричен е зборот на кој постојано се враќаме во оваа сезона – тоа е зборот кој навистина го содржи жената – нејзиниот став, нејзината ноншалантност, се вели во  претставувањето на пролетно-летната колекција. Понудени се и претставени лелеави силуети – на фустани, панталони, палта. Вкоренета во реалноста – во животот и живеењето оваа колекција е и сон инспириран од реалноста. Останатото погледајте го на https://international.victoriabeckham.com/pages/spring-summer-2021-presentation/М.М.

Victoria Beckham

Victoria Beckham

Victoria Beckham

You may also like

Comments are closed.