Денот кога се прославува Свети Трифун и се закројуваат лозјата, според православието, е истиот ден, 14-ти февруари, кога според римокатоликансиот календар се слави Свети Валентин.

Доколку се прашувате дали на овој ден треба да му оддадете почит на Свети Трифун, или на Свети Валентин, веројатно нема да згрешите доколку за денот направите посебна, посвечена атмосфера во домот, малку поинаква декорација за вечера, на пример.

Со чашка убаво вино и внимание кон оние кои ви значат и го исполнуваат вашиот живот прославете го празникот на љубовта. Спојувајќи ги така во денот на љубовта и Св. Валентин и Св.Трифун. /М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.