Создаден со  екстрактот од црн дијамантски тартуф, од југозападот на Франција, кој ја енергизира кожата, новиот серум за очи на Estee Lauder, RE-NUTRIV, лесно се апсорбира, за брзо и видливо да ги трансформира клучните аспекти на пределот околу очите.

Моќта на тартуфот се засилува и дефинира преку сложен процес низ речиси 10.000 часа изработка, нарачан од Ре-Нутрив, за да се добие ексклузивниот екстракт за да и помогне на кожата да ја стимулира нејзината природна енергија и видлива виталност.

По две недели употреба линиите околу очите се редуцирани, кожата е помазна и порамномерна, додека по четири недели употреба темните кругови изгледаат минимизирани, a текстурата на кожата рамномерна. Во тестирањето реализирано пред промоцијата на серумот, 92 проценти од жените кои учествувале во него, рекле дека контурите на очите изгледаат многу подобро, a кожата e младешки блескава. /М.М.

 

You may also like

Comments are closed.