Со оглед на новите соеви на Ковид 19, темпото на набавката на вакцините и распоредите за вакцинирање, станува се поизвесно дека и годинава ќе има падови и пораст на позитивни и заболени, ќе има олбавувања и ограничувања, отворања и затворања на границите и -секако – работа од дома.
На Zoom Help Centar можете да ги добиете сите потребни информации што се однесуваат на подесување на камерата или на аудио опремата – но – нема да можат да помогнат во облекувањето за пред камера. Ниту во стилот што треба да биде дополнување на она што сакате да го претставите и пренесете за себе. Меѓу сајтовите кои имаат и одговор и предлог за тоа како би требало да изгледате кога работите со и преку Zoom е и Тradesy.com. Направила широк предлог на блузи, костуми, кошули и асесоари кои можат да го дефинираат стилот кој ќе го сметате пригоден. /M.M.