Навистина не е проблем да се погоди од каде е дојдена инспирацијата на Balmain за најновата колекција за пролетва, а секако и за Денот на вљубените. Уникатното мајсторство во подготовката на примамливите француски слатки, на дизајнерите на Balmain им биле основа за креативна игра која тргнува од познатата форма на најдобрите чоколади од Франција.
Така е создадена колекцијата „Чоколаден“ Balmain.
Направени се торби во две големини – за ден и за ноќ и, се разбира, во два тона – како млечно и темно чоколадо – како примамлив предизвик, дизајниран да го направи вашиот живот малку посладок. /М.М.