По завршувањето на Берлинската модна недела, на која се упатуваше на исчезнување на границите помеѓу високата мода и онаа од улиците, како и на Миланската модна недела, на која за машката модна е сугериран футуристичкиот, во градот на светлата блесна Париската модна недела. Среде ковид пандемијата, Париската модна недела започна со свежи тонови, нагласени силуети и high fashion за претстојните пролет/лето 2021.
Во голема мерка позната по својата непредвидлива природа, годинашната мода ни претстави смели трендови. Така од промоцијата на Fendi, со познатите модели Наоми Кембел, Кејт Мос, Кристи Турлингтон и актерката Деми Мур до луцидните креации на Schiaparelli, ревиите беа полни со изненадувања и досега невиден спој на мода и уметност. Еве уште неколку впечатливи трендови:
Паф ракави: И оваа година на Париската модна недела 2021 година, тренд на паф ракавите се врати на пистите за Ели Сааб, Диор и Виктор и Ролф. Она што се сметаше за повеќе од минлив тренд, се подобруваше од сезона во сезона.
Живописни бои: Исто како што здивот на свеж воздух што му требаше на светот по онаа страшна година лани, беа потребни и светлите, впечатливи бои како кобалт жолта, папагал зелена, дрска розова или аква сини беа инспиративна потпора за Армани Приве и Валентино.
Силни класични силуети: Без оглед дали имате наклонетост кон класичниот црн блејзер или кон печатените варијации на свила, едно е сигурно – силуетите за костум во било која форма и во секоја форма се официјални. Модните куќи како Фенди, Диор и Шанел, не заборавија силно да ги истакнат класичните силуети.
Црвени усни и чевли со платформа: Францускиот моден дизајнер Алексис Мабил модниот тренд во декоративата го подведе под најтемно црвено за усните, а Валентино и Скијапарели на чевлите им ги вратија платоформите со вртоглави височини.
Големи обетки: Се прифатат ли предлозите на Фенди за предолги обетки, или оние XL апстрактни златни парчиња на Скиапарели, обетките годинава ќе бидат без ограничувања.
Широки здолништа: Површен поглед на пистите упатува на враќање на здолништата: од сонувачкиот микс на украси на силуетата со неутрални и пастелни тонови на Шанел, до оние во две бои на Виктор&Ролф, здолништата годинава ќе бидат задолжителни во гардеробата./М.М.