Ренесансата на Деми Мур сеуште трае. Актерката, која наполни 58 годишни, штотуку ја отвори презентацијата на Fendi Haute Couture за проелт/лето 2021 година, во рамките на Париската Модна Недела, која всушност е и нејзин дебитантски студиски настап. Блесна во комплет од свила црн со издолжени ракави и големо деколте, што овозможи да блеснат и спектакуларни обетки понудени за идните сезони од Фенди. На пистата, освен Деми Мур можеа да се видат и Кејт Мос и нејзината ќерка Лила Грејс, Кристи Турлингтон и нејзиниот внук Џејмс, Наоми Кембел, како и други познати модели, со свои роднини…
Во согласност со семејната атмосфера, ќерката на Силвија Вентурини Фенди, Делфина Делетрез Фенди, инаку дизајнер на накит, ја направи промоцијата на накитот за наредните сезони.
Фенди модната куќа овој пат не само што го претстави занаетчискиот квалитет од највисок ред, туку и семејните вредности.
Инаку, претставена е и колекција која содржи déshabillé рачно везени фустани со цветни дезени и е дел од Блумсбери сетот, што детално ќе биде претставен во мартското издание на британскиот Вог./M.M.