Без оглед на типот на косата, грижата што и ја посветувате е извонредно значајна за таа да е здрава, силна и сјајна. Доколку една од вашите одлуки за годинава е да имате сјајна и здрава коса, клучно е правилното одржување. Без разлика дали косата ќе ја негувате дома или со вашиот фризер, одржувањето на косата хидрирана и здрава е комплициран процес. За да дознаете повеќе за тоа како да дојдете до саканите резултати , важни се следниве златни правила:
Обидете се со третмани со кофеин за раст на коса
Според истражувањето, кофеинот е одлична состојка ако се обидувате да ја израснете косата и да престане нејзиното опаѓање. Производите што содржат кофеин можат да го подобрат изгледот и текстурата на косата.
Исечете ја косата за да ја одржите должината
Експертите се разликуваат во однос на концептот на потстрижување ната коса за таа да расте побрзо. Тргнете само половина сантиметар од вашата коса на секои 10 до 12 недели за да спречите оштетување или подвојување на врвовите.
Размислете за витамини за раст на косата
Пред да земете витамини, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. Витамините, во комбинација со добра исхрана, можат да помогнат вашата коса да расте здрава и да биде сјајна.
Исплакнете ја косата со ладна вода
Миењето на косата со ладна вода на крајот од туширањето може да даде дополнителен поттик за раст на косата. Студената вода помага да се спречи губењето на влага, како и од оштетување од топлина.
Користете регенератор за да избегнете кршење
Регенераторот е вашата прва одбрана од штетата што им се заканува на целите на вашата долга коса. Тој е неопходна рутина која никогаш не треба да ја прескокнувате ако сакате здрава коса.
Дајте приоритет на заштитата од топлина
Исправувачите и пеглите за коса нанесуваат голема штета на косата. Соодветна заштита од топлина е најдобрата опција ако не можете да ја намалите употребата на вашите помагала.
Спречете ги заплеткувањата со свила
Свилената или сатенска навлака за перница нема да предизвика триење со вашата коса, како што тоа го прави памукот. Освен тоа, свилата дава пријатно чувство при спиењето.
Користете нежни крпи со микрофибер
Употребата на фротирските крпи може да предизвика многу кршења, бидејќи косата се зафаќа во сите ткаени влакна. Наместо тоа, користете маица или супер тенка крпа за коса од микрофибер./M.M.