На прашањево можат да се добијат исто толку одговори колку испитаници се испрашуваат. Самото наоѓање најдобри, односно најефикасни производи против стареење воопшто не е лесно. Се исклучат ли спечифичните потреби и состојби на кожата, од изложеното во аптеките или на шалтерите за убавина во стоковните или специјализираните продавници, само нерешителноста е извесна. Социјалните мрежи го прават пазарот уште позаситен. Затоа, консултациите со стручните лица – дерматолозите, можат да бидат од голема помош. Нивните одговори упатија на неколкуте докажани состојки кои владеат и на почетокот на оваа година: хијалуронска киселина, антиоксиданти, ретиноли и ниацинамид. Производите против стареење кои ги содржат спомнатите состојки им се препорачуваат и на најблиските и најмилите.

 

1  A-Passioni ретинол крема

DRUNK ELEPHANT – sephora.com

Ова е еден од најефикасните креми со ретинол на пазарот. Со еден процент вегански ретинол, има поголема концентрација од просекот на  OTC ретинолот, но сепак е доста одржлив кога е во прашање чувствителната или сува кожата. Направен е од мешавина од три пептиди кои ја зацврстуваат кожата и ги зголемуваат придобивките од ретинолот, велат дерматолозите.

DRUNK ELEPHANT

2 CeraVe крема за околу очи

СЕРВА – ulta.com

Квалитетен производ, избор број еден за нега на подрачјето околу очите – помага да се израмнат фините линии и брчки, одличен е за осветлување на темните кругови, а топло се препорачува за лица со чувствителна кожа бидејќи е без мирис, хипоалергенски и не-комедогеничен.

CeraVe

3 Deep Wrinkle ноќна крема

ROC – ulta.com

RoC ретинолите се постојано на врвот на листите на производите против стареење. Благодарение на хипоалергената формула и смирувачкиот минерален комплекс, нема да почувствувате ниту една негативна страна на ретинолот (подуеност, лупење) туку само видливо помазна кожа и поздрав,освежен тен.

Roc

4 AgeWell интензивна ноќна крема

ARBONNE – arbonne.com

Со пријатна кремаста формула од два процента бакучиол, стабилизиран витамин Ц (моќен антиоксиданс), екстракт од растителни матични клетки, ниацинамид и хијалуронска киселина, овој крем помага да се повлечат знаците на стареење и оштетување од сонцето додека се надополнува природната заштита за зачувување на влагата на кожата. Бакучиолот е добиен од растенија и работи по истите генски патеки како ретинолот, но честопати е многу подобро толериран. Вегански, без-суровост и од овластена корпорација Б. Ова е формулирано поради важноста за изградба на ефикасност и одржливост за светот.

Arbonne

5 Ноќна крема

ESTÉE LAUDER- ulta.com

Уште еден производ создаден од старата школа, со извонредни резултати. Хијалуронската киселина хидрира бидејќи е добиена од екстрактите од алги и квасец ги зголемува клеточните активности, а тоа значи дека се градат нови, подобри клетки на кожата. Ензимските алкални гванин трансферази ги осветлуваат сите старечки дамки или темни траги на кожата.

ESTÉE LAUDER

6 AlphaRet ноќна крема

SKINBETTER- skinbetter.com

Кремата е пропорционална мешавина на ретинол и на млечна киселина, со која се зајакнува колагенот и се ексфолира само за овој бренд (млечната киселина едновремено е и омекнувач и своевиден пилинг.) Исто така, извонредните резултати се поради делувањето на квалитетни навлажнувачки состојки – сквалан, ниацинамид, масни киселини, церамиди – за да се намали иритацијата и да се постигнат најдобри резултати./М.М.

SKINBETTER

You may also like

Comments are closed.