Filigree by Bobe

Единствен, уникатен филигран … како и секое дело од филигранството – првин макотрпна работа која, освен дарба, бара трпеливост и многу љубов, а потоа нешто ново, единствено.

Filigree by Bobe

Полека под прстите оживува една од најстарите и воедно најубави техники на обработка на металите – филигранот, безвременски занает  што опфаќа подготовка на материјалот, топење на среброто, влечење на сребрената жица на машина, сè до создавање нешто ново, како прстенов од нашава видео приказна.

 

Вчудоневидува што се’ може да се изработи од сребрена жица: од  обетки, белезии, прстени, до игли за коса, ѓердани, брошеви, колани, алки, пудриери, шишенца за мирис, кутии за накит, табакери, копчиња за манжетни, футроли за часовници, прибори за пишување,  до окови за икони, корици за верски книги, крстови, кадилници… /.М.М.

Filigree by Bobe

You may also like

Comments are closed.