Во овој период, исполнет со постојани закани од вируси, особено од Ковид-19, силниот имунитет е од непроценливо значење. Физичката активност, добриот сон и доволно витамини се исклучително важни во овој момент. Секогаш подобрата идеја да се внесуваат витамини преку храна или пијалоци овој пат ја поткрепивме со напиток кој со сигурност го засилува имунолошкиот систем.

Станува збор за „Два со Два„ напитокот од два зеленчука и две овошки. Потребни се два моркова и по едно јаболко, грејпфрут и цвекло – како непобедлива комбинација против напад на вируси. Подготовката е едноставна –  сите состојки се ставаат во соковник или блендер – и пијалокот, односно напитокот е подготвен.

Сите нутриционисти се согласуваат дека морковот е многу здрав. Богат е со витамините А, Ц, К и Б8, како и фолати, калиум, железо, бакар и манган. Сепак, повеќето корисни својства на морковот потекнуваат од бета каротенот и влакната. Исто така, содржи железо, потребно за организмот да има доволно сила во текот на целиот ден.

За цвеклото се вели дека може да поправи поголем дел од она што се „расипало„ во телото. Содржи најширок спектар на минерали и витамини, вклучувајќи исклучително редок Б12, содржи висок процент на железо и е особено богат со протеини, масти и јаглехидрати.

Јаболкото е вистинска ризница на витамини. Содржи до 40 мг витамин Ц, проследено со витамини А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета-каротен. Исто така, содржи минерали калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Јаболкото е богато со полифеноли кои се силни антиоксиданси. Содржи кверцетин, камфор, мирицетин, катехини, антоцијанини и над 20 други антиоксиданти.

Грејпфрутот е значаен извор на витаминот Ц. Содржи не само големи количини на витаминот Ц, туку и витамините А и Б комплекс, како и витамините Е и К.

Редовната употреба на овој напиток во значителна мерка ќе придонесе кон поправање, јакнење и зачувување на, во овие денови толку потребниот, имунитет. /М.М.

 

You may also like

Comments are closed.