Со дури 69 различни протеини јајцата се одличен природен начин да се добие убава и сјајна кожа. Доколку сакате природен, ефтин и лесен начин да го забавите стареењето, без да нанесете планина хемикалии на лицето, маската од јајца е се што е потребно.
Без оглед дали имате мрсна кожа, акни и црни точки или рани брчки, јајцата се начин да ја негувате кожата и да ги решите овие проблеми. Различни антички традиции користеле јајца (особено белки) за нега на кожата, а некои од нив се кинески, египетски и арапски.
Постои еден особено добар, испробан и проверен рецепт за хранлива маска за лице од јајце, поточно од жолчка. Оваа маска е добра за сите типови на кожа, бидејќи ја храни кожата и природно ја хидрира. Освен жолчка од јајце, потребна ви е и една банана и две лажички маслиново или кокосово масло. Првин направете каша од бананата, додадете жолчка и масло по ваш избор. Измешајте го сето ова добро додека не добиете маса без грутки. Така измешана, маската е подготвена за лицето. Нанесете ја со прстите и оставете да стои околу половина час. Маската се отстранува со млака вода. / М.М.