Осум мошне значајни производи за зачувување на мледешкиот изглед на вашата кожа

Подарете си здрава, сјајна – младешка кожа!

 

8 Glycolic серум

Како што старееме, природниот процес на пилинг на нашата кожа се забавува. Но, можете да им помогнете на работите, заедно со гликолна киселина која помага во олабавување на врските што ги држат мртвите клетки што ја затапуваат кожата.

7 Tinted Mineral Moisturizer SPF 30

Факт е дека повеќе од  90 проценти од видливото стареење на кожата се должи на оштетување од сонцето. Затоа кремите за заштита од сонцето треба да бидат секојдневие, без оглед какво е времето. Ако барате блокатори од минерали и антиоксиданти од морски алги, бело грозје и калинка, тогаш ова е вистинскиот производ за вас.

 

6 Concealer – Ellis Faas

Кога ќе се појават промени на бојата на кожата, солиден коректор е вашето најдобро оружје. Нанесете го под вашите очи, во наборите на носот, преку црвените или кафени дамки и гледајте ги како исчезнуваат. Коректорот е преполн со витамините Ц и Е за да и помогне на кожата дури и откако ќе го измиете.

 

5 Body Tone Firming Concentrate

Концентрат за зацврстување и тонирање најчесто се користи за кожата под брадата. Редовната употреба помага за враќање на цврстината на овој дел, преку дејствување со патентиран комплекс против стареење и стимулирачки кофеин.За ролер  апликаторот корисниците доделија високи оценки за користењето и ефектите.

4 Skin Illuminating Brightening Day Serum – Elizabeth Arden

Понекогаш, на кожата и треба поттик за да ја поврати блескавоста. Дневниот серум сето го обезбедува со дијамантскиот прав и витаминот Ц. Спроведените испитувања покажале дека 93 проценти од корисниците  имале забележливо подобрување кај тонот, текстурата и сјајот на кожата.

 

3 Botanical AHA Peel

По одредено време од насобрани нечистотии и масло, нашите пори можат да се зголемат – и такви да останат. Најдобар начин за намалување на видливоста е редовниот пилинг.  Овој ботанички АХА пилинг, богат со киселини, ќе ги даде најдобрите резултати доколку се нанесува двапати неделно.

 

2 Clark’s Botanicals Nourishing Youth Serum

Ова моќно растение со безмалу чудотворно дејство докажува дека природните состојки сепак можат да бидат мошне ефикасни. Екстрактот од алое, јасмин, витамин Ц и алги ги измазнуваат ситните линии и ја штитат кожата од идни оштетувања.

 

1  Pure Micellar Foam Toner

Овој нежен тонер има супер состојка: финската печурка Чага. Моќен антиоксиданс, оваа печурка помага да се елиминираат слободните радикали генерирани од сонцето и загадувањањата што можат штетно да влијаат врз вашата кожа. /М.М.

You may also like

Comments are closed.