Kylie Jenner ја започна својата линија за козметика уште во 2016 година со неколку комплети за усни кои вклучуваа молив за усни и мат течен кармин. Сега, нејзиниот бренд се прошири има и соработки со нејзините сестри, па дури и пакети од неколку производи. Kylie Jenner заработува богатство и има се поголеми приливи на приходи, а сето се базира на нејзината личност – нејзиниот бренд. Сè што ќе направи со нејзиниот изглед станува тренд, без оглед дали се работи за нејзината коса и шминка, или, нејзините нокти – било која слика што ја поставува на социјалните мрежи, станува апсолутен хит и топ тема.
Kylie ја создаде нејзината петта празнична колекција, која е совршена за овој период од годината. Kylie и легендата на Dr. Seuss ги здружија силите за новата колекција на декоративна козметика наречена Kylie Cosmetics x Grinch, наменета за божиќните празници, во пакување што Гринч целосно би го мразел.
Колекцијата Kylie Cosmetics x Grinch вклучува сенки за очи, сет од кармини, мат комплет за усни, маслинесто зелен туш за очи, руменило и многу повеќе. Освен декоративна козметика колекцијата Kylie Cosmetics x Grinch, содржи и два украса за елка и домот. Колекцијата е распродадена за неколку минути./ М.М.